петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Конфликт Израел – Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа

Конфликт Израел – Хамас: Најважни настани во изминатите 24 часа

Хосеин Амир-Абдолахиан изјави дека САД ќе претрпат „значителна штета“ доколку војната во Појасот Газа прерасне во поголем конфликт. „Ние ја пренесовме нашата порака до ционистичкиот режим преку неговите сојузници дека ако не престанат со своите злосторства во Газа, Иран не може едноставно да остане набљудувач“.

– Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш го повика Хамас безусловно да ги ослободи заложниците и го повика Израел да дозволи брз и непречен пристап до хуманитарна помош до Појасот Газа. „Секоја од овие две цели е валидна сама по себе. Тие не треба да станат договори за пазарење и мора да се спроведат бидејќи тоа е вистинската работа … Блискиот Исток е на работ на амбис“, посочи Гутереш.

– Венецуела ќе испрати 30 тони хуманитарна помош во Појасот Газа во следните неколку дена.

– Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас наведе дека акциите и политиките на исламистичката група Хамас не го претставуваат палестинскиот народ, јави официјалната новинска агенција Вафа, иако подоцна ги отстрани директните референци на Хамас од својот извештај.

– Франција го предупреди Иран „против каква било ескалација или продолжување на конфликтот“ меѓу Израел и Хамас. За време на телефонскиот разговор меѓу францускиот претседател Емануел Макрон и неговиот ирански колега Ебрахим Раиси, Макрон предупреди на какво било прелевање на конфликтот во Либан.

– Лидерите од 27-те земји-членки на ЕУ во заедничка изјава „најостро го осудија Хамас и неговите брутални и терористички напади врз Израел и длабоко жали за загубата на животи“.

– Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека очекува „Ватикан да биде повнимателен кон страдањата на Израелците“. Шефот на израелската дипломатија Ели Коен повика на јасна осуда на Ватикан на смртоносниот тероризам против Израелците и го повтори дека Израел има право да се брани