понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Криза во британската Влада поради Брегзит

Криза во британската Влада поради Брегзит

Дејвид Дејвис, британскиот министер задолжен да го води процесот на излегување од Европската унија, поднесе оставка незадоволен од планот што Владата го договори во петокот.

Дејвис упатил писмо до премиерката Тереза Меј во која оценува дека земјата е доведена во тешка позиција од страна на ЕУ.

– Насоката на политиката не доведе до слаба преговарачка позиција, и можно е да не успееме да се извлечеме од неа, пишува во писмото на Дејвис до Меј, кој дополнително предупредува дека согласно договореното во петокот, Британија нема да биде навистина независна во однос на ЕУ.

Владата одржа средба во Чекерс, резиденцијалниот објект на премиерката Меј, на кој министрите ги договорија нивните финални позиции во преговорите со ЕУ. Но, по оставката на Дејвис, кој е член на крилото на Владата кое се залага за целосно и неповратно раскинување на обврските што Велика Британија ги има кон ЕУ, можно е да се побара оставка на премиерката.

МИА