недела, 17. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

КРВАВ БОЖИЌ – МАСАКР ВО БРАЗИЛ! Брутална пресметка на банди, шест млади лица загинаа на прослава на фудбалски терен

КРВАВ БОЖИЌ – МАСАКР ВО БРАЗИЛ! Брутална пресметка на банди, шест млади лица загинаа на прослава на фудбалски терен

Шест лица загинаа, а пет се повредени во пукање во Бразил за време на прослава на Божиќ на фудбалски терен, јавија локалните медиуми.

Инцидентот се случил во градот Фотралеза, во североисточниот дел на Бразил, а службата за јавна безбедност во државата Сеара соопшти дека загинатите се луѓе на возраст меѓу 15 и 26 години. Десет лица беа приведени, а властите соопштија дека четворица жртви и биле претходно познати на полицијата за членство во криминални организации.

Бразилските медиуми наведуваат можност дека тоа бил конфликт меѓу банди, повикувајќи се на воената полиција. (МИА)