Во пукотници во трговски центар во Алабама пред „Црн петок“ еден тинејџер настрада, а две лица се повредени.
Властите наведуваат дека пукотниците се случиле околу 21:30 часот, пренесува АП.
Полицијата соопшти дека расправија меѓу двајца тинејџери, вклучително и еден 18 годишник завршила со размена на оган од оружје. Еден тинејџер избегал, но подоцна полицијата го опколила.
Кон напаѓачот пукала полицијата која го усмртила на лице место.
Вториот тинејџер е хоспитализиран во тешка состојба, а во болница е и 12 годишно девојче но засега нема информации во каква состојба се наоѓа.