Претседателот на Куба, Мигел Дијаз-Канел предупреди дека земјата се соочува со сериозна енергетска криза поради недостигот на дизел гориво.
Претседателот ги обвини американските санкции за недостигот и ги предупреди Кубанците да се подготват за непосредни ефекти од недостигот на гориво.
„Можни се проблеми со дистрибуцијата на производи што зависат од транспортот дизелот, јавниот транспорт и производството на енергија и ние се обидуваме да преземеме мерки за да ги избегнеме“, изјави тој за националната телевизија.
Дијаз-Канел им се обрати на луѓето по неколкудневното забележително намалување на јавниот превоз, што предизвика долги редици во сообраќајот.
Иако деталите за мерките не се прецизирани, претседателот и министерот за економија Алехандро Гил изјави дека ќе има голем број на забележителни рестрикции во наредните денови.
Дијаз-Канел ги наведе зголемените санкции во САД како виновник за моменталната состојба, која вклучува мерки против нафтените компании што превезуваат нафта на островот, особено од Венецуела – главниот сојузник на Куба.