среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Куомо очекува раст на заболените од коронавирус во текот на зимата

Куомо очекува раст на заболените од коронавирус во текот на зимата

Бројот на заболени од коронавирус во американска сојузна држава Њујорк се очекува да продолжи да расте и во текот на зимата, изјави синоќа гувернерот Ендру Куомо.

-Бројките се неспорни. Најдоброто што можеме да го направиме е да се справуваме со ова зголемување, рече Куомо, пренесен од британските медиуми.

Тој додаде дека зголемувањето на бројот на позитивни лица на коронавирус може да се очекува се додека вакцината не стане достапна за поголем дел од популацијата.

Њујоршкиот градоначалник, Бил де Блазио, претходно вчера предупреди дека градот може да влезе во втората фаза од пандемијата и дека жителите на Њујорк може да се соочат со нови ограничувачки мерки.

Де Блазио кажа дека треба да се преиспита одлуката за престој во ресторани, дури и кога е со намален капацитет на гости, но додаде дека конечната одлука е на гувернерот Куомо.