петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лапид: Израел е дел од решението на европските проблеми со гасот

Лапид: Израел е дел од решението на европските проблеми со гасот

Израел може да и испорача на Европа околу 10 отсто од вкупното количество гас што минатата година го добиваше од Русија, изјави израелскиот премиер Јаир Лапид за време на неговата посета на Германија, пренесоа британските медиуми.

-Ние ќе бидеме дел од напорите за замена на рускиот гас во Европа, рече Лапид по неговата средба со германскиот канцелар Олаф Шолц.

Германскиот лидер посочи дека Германија настојува да изгради нова структура за увоз на гас од новите партнери за да се ослободи од нејзината зависност од Русија. (МИА)