понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лидерите на Лига и М5С избраа кандидат за премиер на Италија

Лидерите на Лига и М5С избраа кандидат за премиер на Италија

Лидерот на италијанската десничарска партија Лига, Матео Салвини изјави дека тој и неговиот главен ривал на изборите Луиџи ди Мајо, лидер на Движењето Пет ѕвезди (М5С) се договориле кого ќе предложат за премиер, откако претходно постигнаа договор за програмата на идната коалициска влада на Италија.

По средбата со Ди Мајо, Салвини рече дека ниту еден од нив двајца нема да биде премиер и додаде дека двајцата ќе поднесат кандидатура за нов премиер на денешната средба со претседателот на земјата Серџо Матарела, но не сакаше да го соопшти неговото име.

Ако Матарела биде убеден дека нивниот кандидат може да обезбеди солидно мнозинство во Парламентот, тој може да му го довери мандатот за составување влада.