Шефот од мафијашкото семејство Гамбино, Франческо Кали (53), познат како „Френки бој“, убиен е пред својата куќа во Стејт Ајленд, соопшти полицијата.
Во него биле истрелани најмалку шест куршуми, па после тоа напаѓачот го прегазил со автомобилот, пренесува Ројтерст.
Семејството Гамбино е едно од петте главни италијанско-амерички мафијашки семејства во Њујорк.
NY mob hit: Gambino boss “Franky Boy”Cali was low key and old school, and taken out the old school gangland way-Staten Island hitman pulls up in a car and fires multiple shots. First big Mafia hit in decades. pic.twitter.com/LSbCbpS5Om
— ChuckGoudie (@ChuckGoudieABC7) March 14, 2019
Мотивот за убиството засега не е познат, а истрагата е во тек. Медиумите пренесуваат дека Франческо е изрешетен покрај неговиот автомобил околу 21.00 часот по локално време, а напаѓачот после ликвидацијата побегнал автомобил плава боја.