сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лисабон смета дека е апсурдно што Британија воведува карантин за патниcи од Португалија

Лисабон смета дека е апсурдно што Британија воведува карантин за патниcи од Португалија

Министерството за надворешни работи на Португалија денеска оцени дека е „апсурдно“ што Велика Британија воведе карантин за патниците од Португалија, која има многу помалку заразени и починати од коронавирусот.

– Апсурдно е што една земја, Велика Британија, која има 28 пати повеќе смртни случаи од коронавирусот од Португалија, наметнува карантин за патници од Португалија, објави министерството на Твитер.

Реакцијата на Лисабон уследи откако Лондон објави список на земји чии патници нема да мора да бидат ставени во карантин при влез во Велика Британија, а меѓу кои не е Португалија.