Новоизбраниот американски претседател Џозеф Бајден побара од Лиза Монако, неговиот кандидат за заменик државен обвинител и советник за борба против тероризмот на поранешниот претседател Барак Обама, да биде привремен советник за внатрешна безбедност.
Веста во пресрет на претстојната инаугурација на Бајден ја соопшти портпаролот на транзицискиот тим на Бајден, пренесуваат британските медиуми.
-Г-ѓа Монако ќе му помогне на избраниот претседател и ќе работи со идниот советник за национална безбедност, идниот советник за внатрешна безбедност и сегашните службеници за безбедност и за спроведување на законот, вклучително и тајната служба на САД во нивните планови за инаугурацијата, изјави портпаролката.