среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Лондон: Болница прогласи „критичен инцидент“, немаат доволно кревети за пациенти со коронавирус

Лондон: Болница прогласи „критичен инцидент“, немаат доволно кревети за пациенти со коронавирус

„Критичен инцидент“ беше кратко прогласен денеска во лондонска болница, поради недоволен број кревети во одделот за интензивна нега, како резултат на зголемување на бројот на пациенти кои се заболени од новиот коронавирус.

Болницата Нотвик Парк во северозападниот дел на Лондон соопшти дека нема доволно простор за пациенти на кои им е потребна нега во најкритичното време, се вели во извештаи на лондонски весници и телевизии.

Три пациенти починаа во таа болница во изминатата недела.