недела, 31. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Луѓето паѓаат среде улица од силниот удар, а автомобилите се нишаат без престан – силен земјотрес го погоди Авганистан (ВИДЕО)

Луѓето паѓаат среде улица од силниот удар, а автомобилите се нишаат без престан – силен земјотрес го погоди Авганистан (ВИДЕО)

Земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран во саботата наутро во близина на Фајзабад во Авганистан, соопшти Индискиот национален центар за сеизмологија.

На социјалните мрежи почнаа да се објавуваат снимки на кои се гледа како луѓе кои одат по улица како паѓаат на земја поради јачината на земјотресот.

Земјотресот се случил на длабочина од 181. километар од површината, јавува NDTV.

Засега нема информации за материјална штета или повредени.