петок, 19. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Мајка доби срамна казна откако се обиде на богаташ да ја продаде невиноста на 13- годишната ќерка (ФОТО)

Мајка доби срамна казна откако се обиде на богаташ да ја продаде невиноста на 13- годишната ќерка (ФОТО)

Триесет и петгодишната руска државјанка Ирина Гладкик го привлече вниманието на светските медиуми откако се обиде да ја продаде невиноста на својата 13-годишна ќерка на богаташ за милион и пол рубљи. Како што јавува британски Daily Mail таа е осудена на срамна затворска казна од четири ипол години.

Гладкик, која работи како агент за продажба на недвижности, е уапсена во заседа на полицијата заедно со нејзината пријателка. Ирина и пријателката одлетале од Чељабинск за Москва со малолетното девојче за да ја продадат неговата невиност на „богатиот клиент“ за милион и пол рубљи (19.000 долари).

Мајката го признала злосторството во текот на испитувањето, на шокантната снимка која ја објавила Министерството за внатрешни работи на Русија.

– Дојдовме во Москва да го запознаеаме богаташот кој ќе ни платеше за сексуалните услуги на мојата ќерка – рекла мајката.

Пријателката на Ирина рекла дека целта на патувањето била продажбата на правата на првата ноќ со девојчето. Мајката и пријателката се уапсени во еден ресторан во Москва.

Мајката не знаела дека преговара со полициски службеник за продавањето на невиноста на ќерката. Штом ги земала парите, мајката била уапсена. Девојчето било згрижено откако било однесено во московската болница.