петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мајка од пеколот: Го продала своето бебе за да си купи нови чизми

Мајка од пеколот: Го продала своето бебе за да си купи нови чизми

Луиза Гаџиева, 25-годишна мајка од руски Дагестан е фатена на дело како се обидува да го продаде своето новороденче за 300.000 рубљи (околу 3.000 евра).

Гаџиева објавувала огласи дека сака своето бебе да го даде на посвојување, но всушност станувало збор за прикриена продажба. Глумејќи купувачи, прво и пристапиле членови од здружението Алтернатива кое се занимава со борба против трговија со луѓе.

-На сите начини се обидовме да и објасниме какви опасности го очекуваат детето и да ја убедивме да не го продава, велат од здружението, а пренесува Мирор. Но, нивните убедувања не наишле на плодна почва.

На крајот се вклучила полицијата. Примопредавањето се случило во кафуле во центарот на градот, каде бебето го презеле полицајци кои глумеле купувачи.

„Немојте да велите продажба и купување. Тоа звучи грдо. Можете да ме осудувате, ама јас не можам да се носам  со ова“, рекла мајката која освен ова има уште три други деца.

Откако и ги дале парите, го предала бебето и им дала признаница. Тврдела дека парите и требаат за капар за куќа.

Но, истрагата открила многу пошокантна причина.

„Врвот на цинизмот е нејзината преписка со сестра и, која била запознаена со се, а и рекла дека откако ќе го продаде детето ќе си купи чизми“, велат од полицијата.

Откако е уапсена, го признала злосторството и во моментов е во притвор во Москва.

-Детето е сместено на сигурно, објави полицијата.