вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Малата Анастасија Божиќ го поминала на депонија: Татко и ја оставил бидејќи му била „преголем товар“

Малата Анастасија Божиќ го поминала на депонија: Татко и ја оставил бидејќи му била „преголем товар“
Foto - Ilustracija: Profimedia, Alamy

Украинските власти водат истрага за малото девојче од градот Одеса, која што Божиќ го поминала на напуштена депонија, пишува порталот Унилад. Таа деновите ги поминувала во еден напуштен шатор кој што го користат бездомници и била принудена да се храни со она што ќе го пронајде во отпадоците.

Малата Анастасија, полицијата ја пронашла на 30-ти декември, а во извештајот се наведува дека таа на депонијата поминала неколку дена. Девојчето во меѓувреме е предадено на социјалните служби ио се наоѓа во прифатилиште за деца.

Малата Анастасија шаторот го делела со уште три лица, а полицијата изтражува зошто никој од нив не се обратил до државните органи.

Откако ќе бидат извршени сите лекарки прегледи, малата Анастасија ќе биде сместена во детското прифатилиште. Од таму потврдуваат дека ќе направат се што е во нивна моќ за да го оспорат стрателството на нејзиниот татко и на тој начин да го спречат за да неможе да ја земе од установата.

Инаку, малата Анастасија и претходно престојуваше во детското прифатилиште, но во месец јуни 2019 година, нејзиниот татко ја земал од домот за деца, а подоцна сватил дека е преголем товар за него пошто ја оставил на депонија.