сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мароканка ги загуби сопругот и четирите деца во земјотресот: „Изгубив се што имав“

Мароканка ги загуби сопругот и четирите деца во земјотресот: „Изгубив се што имав“

Силен земјотрес го погоди Мароко доцна навечер во петокот. Во неколку марокански градови уништи згради и ги принуди луѓето да ги напуштат своите домови, а според досегашните податоци загинале повеќе од 2.000 луѓе.

Британски Телеграф разговараше со преживеаните во Мароко, а некои го загубија целото семејство во земјотресот.

-Сите куќи беа урнати. Изгубив двајца членови на семејството. Телата се уште се под урнатините, изјави за Телеграф, туристичкиот водич Рашид Оуали (30), кој живее во градот Асни, јужно од Маракеш.

-Моите четири деца и мојот сопруг починаа. Изгубив се што имав на овој свет, вели домаќинката Мина Рафик (40), која живее во село во близина на епицентарот.

На еден час возење во Мулај Брахим, во мароканските планини Високиот Атлас, Лахен (40) рече дека ги загубил сопругата и четирите деца. Безживотните тела на неговите три ќерки биле извлечени од урнатините на нивниот поранешен дом, но спасувачите се уште не успеале да ги спасат неговата сопруга и синот.

-Изгубив се. Во моментов не можам ништо, само сакам да избегам од светот и да тагувам, изјави тој.