четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО АМЕРИКА: Објавени вознемирувачки снимки од метрото во Њујорк каде се застрелани неколкумина (ФОТО+ВИДЕО)

МАСОВНО ПУКАЊЕ ВО АМЕРИКА: Објавени вознемирувачки снимки од метрото во Њујорк каде се застрелани неколкумина (ФОТО+ВИДЕО)

Повеќе луѓе се застрелани, а пронајдени се и неактивирани експлозивни направи на метро станица во Њујорк, јавија локалните медиуми повикувајќи се на извори од противпожарната служба.

Инцидентот се случил утринава на метро станицата на 36-та улица во населбата Сансет Парк во Бруклин. Сообраќајот е во прекин.

Лицето кое го преживеал ова се огласи на Фејсбук и напиша:

„Преживеав масовното пукање“, напиша Армен Ермен.

Вооружен маж со гас-маска и портокалов градежен елек е во бегство во Бруклин, откако застрелал најмалку пет лица во вторникот на преполната платформа на метрото во паркот Сансет. Не е познато каде е сега напаѓачот, но полициските единици во Њујорк трагаат по него.

Полицијата на Њујорк на Твитер напиша дека „во моментов нема активни експлозивни направи“ на местото на инцидентот.