Италијанската премиерка Џорџа Мелони изјави дека францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и таа повикале на спроведување на веќе постигнатите договори на денешните средби со лидерите на Србија и Косово.
-Побаравме од двајцата лидери да преземат чекори напред во однос на имплементацијата на договорите постигнати во последните години и месеци, рече Мелони по одделните состаноци на лидерите на ЕУ, Франција, Германија и Италија со српскиот претседател Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти.
Вучиќ и Курти денеска во Брисел одвоено разговараа со претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел, шефот на европската дипломатија Жозеп Борел, специјалниот претставник на ЕУ за Западен Балкан, Мирослав Лајчак и лидерите на Франција, Германија и Италија, Емануел Макрон, Олаф Шолц и Џорџа Мелони.
-Се надеваме на напредок, изјави Мелони пред пристигнувањето на Самитот на ЕУ.