Индијка која со своето семејство патувала низ својата земја без превозно средство, родила бебе и веднаш продолжила да пешачи уште 160 километри.
Жената, чие име не се знае, како што пренесува Си-Ен-Ен, со својот сопруг, нивните досегашни четири деца, а сега и со нејзиното женско новороденче, патувале пешки од градот Нашик во индиската сојузна држава Махараштра до Сатна, Мадја Прадеш. Пред извесно време, а неколку дена по раѓањето, тие биле запрени од Кавита Канеш, патролна полицајка од Мадја Прадеш.
– Родилката одморила само 1,5 – 2 часа по раѓањето, и веднаш продолжила да пешачи. Семејството немало пари, немале со што да патуваат и никој не им понудил превоз, изјави Канеш. Според неа, бебето се родило на 5 мај.
Според нивното кажување, семејството поради корона-кризата, веќе не можело да заработува за живот, па морало да го напушти својот дом во Нашик.
Индија досега има над 78.000 лица заболени од коронавирус, од кои 2.551 се починати.