недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерот за финансии на САД не очекува трговска војна со Кина

Очекувањата ни се дека нема да има трговска војна, нашата цел е да ги продолжиме разговорите со Кина ... Не очекувам да има трговска војна - може да има, но тоа воопшто не го очекувам, изјави Мнучин за телевизијата Си-Би-Ес.
Министерот за финансии на САД не очекува трговска војна со Кина

Министерот за финансии на САД Стивен Мнучин денеска изјави дека постои ризик од трговска војна меѓу САД и Кина по царините во вредност од милајарди долари кои ги предложија двете земји, но истакна дека не очекува таа да се случи.

-Очекувањата ни се дека нема да има трговска војна, нашата цел е да ги продолжиме разговорите со Кина … Не очекувам да има трговска војна – може да има, но тоа воопшто не го очекувам, изјави Мнучин за телевизијата Си-Би-Ес.

Тој додаде дека американскиот претседател Доналд Трамп и кинескиот претседател Си Џинпинг имаат „многу блиски односи“ и оти САД и Кина ќе продолжат да разговараат за трговските проблеми.