недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерот за здравство се расплака, Британците го обвинија за „крокодилските солзи“ (ВИДЕО)

Министерот за здравство се расплака, Британците го обвинија за „крокодилските солзи“ (ВИДЕО)

Гледачите на емисијата „Good Morning Britain“ останале зачудени додека ова утро ја следеле програмата и гостинот, министерот за здравство Мет Хенкок.

Целата јавност го гледала Хенкок како плаче додека зборува за вакцинацијата против коронавирусот, која започна денеска во оваа земја.

„Уверени сме дека наредната серија на вакцината на Фајзер против коронавирусот ќе биде испорачана наредната недела, и тоа неколку милиони дози“, изјавил министерот, откако денеска беше вакцинирана првата личност во Велика Британија.

Тој нагласил дека програмот за вакцинација започнал во 70 болници ширум Велика Британија, а додека зборувал на таа тема, реагирал прилично емотивно, па дури и се расплакал.

Хенкок почнал да плаче поради веста дека 90-годишна баба од Ковентри и пензионер од Ворикшир наречен Вилијам Шекспир се првите луѓе на светот кој ја добиле одобрената вакцина. Оваа земја презеде голем чекор за спречување на пандемијата на т.н. „V-Day“ (ден на вакцинација).

Меѓутоа, гледачите го оцениле неговото однесување како „срамотен настап“ и го обвиниле за лажно плачење и „крокодилски солзи“.