петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Министерство за одбрана на Украина објави слики од заробени руски војници – eден од нив е роден во 2002 година (ФОТО)

Министерство за одбрана на Украина објави слики од заробени руски војници – eден од нив е роден во 2002 година (ФОТО)

Фотографии од заробени руски војници на украинска територија на Твитер објави Министерство за одбрана на Украина.

-Војниците на 93-та механизирана бригада заробија двајца руски окупатори. Tие беа од 423-от моторизиран пешадиски полк Јампол, воена единица 91701, се вели во објавата покрај фотографиите.

Информирајќи за ситуацијата во земјата, Министерството објави дека од 15:00 часот по локално време продолжуваат борбите по целата линија на контакт, дека нема пробив на руските сили, но се водат жестоки борби.

-Руските окупаторски сили се обидоа да ја пробијат одбраната со употреба на 16 тенка. Нашата војска користеше ракети и уништени 3 непријателски тенка, се вели во информацијата од украинското МО.

Исто така, се наведува дека четири балистички ракети биле истрелани од територијата на Белорусија во југозападен правец.