Над 100 луѓе загинаа во падот на „боинг 737“ на кубанската национална авио компанија „Кубана де авијасион“, кој се урна при полетување од меѓународниот аеродром „Хозе Марти“ во Хавана.
Неименуван кубански воен офицер изјави дека падот на авионот го преживеале три лица, кои се наоѓаат во критична состојба.
На интернет се појавија снимки од моментот на експлозијата и падот на авионот.
Во леталото во моментот на несреќата се наоѓале 104 патници и шест членови на посадата.
Кубанската државна телевизија јави дека авионот летал за кубанскиот град Олгин.