Околу 16 месеци откако ги убиле родителите и ги зацимемтирале во ѕид, синот и неговата сопруга се осудени на доживотна казна затвор.
26-годишниот Нирнберг Инго и 23- годишната Сефани одговараат за настан кој го шокираше светот.
Во декември 2017-та година во Баварија, Инго се обидел да ги убие во два наврата и се обидела да ја отруе 66-годишната мајка.
Во првиот обид ставил отров во лебот, но преживеала, а потоа и ставил отров во пијалок. После тие два неуспрешни обиди ноќта помеѓу 13 и 14 декември Инго со чекан во глава ја усмртил мајката додека спиела, а истото го снашло и 70- годишниот татко.
Телата на родителите со помош на сопругата ги забетонирал во една просторија во гаражата, а кон крајот на декември го пријавиле нивното исчезнување.
Инго покренал и потрага на интернет, наспувал на телевизија глумејќи расплакан син, но за време на истрагата полицијата ги нашла телата.
Имено најсомнително на полицијата и било тоа дека местото каде живееле било мало и се зборувало дека родителите не го одобрувале нивниот брак.
Државното обвинителство побарало доживотна робија.