среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Мутација на Ковид-19 која ја има во неколку држави, потврдена во Германија

Мутација на Ковид-19 која ја има во неколку држави, потврдена во Германија

Во Германија е потврдена новата мутација на коронавирусот, а се работи за примерок земен во центарот за тестирање на аеродромот во Берлин, каде е пронајден видот Б. 1.525.

Според компанијата „Центогене“, специјализирана за дијагностицирање на ретки болести, станува збор за вид што е утврден кај примерок од лице со потекло од германската провинција Саксонија.

Инаку, Б. 1.525 е сличен на британскиот вид Б. 1.1.7, но како и јужноафриканскиот и бразилскиот, има мутација на шилестите протеини.

Врз основа на сличноста со позаразниот вид, се претпоставува дека новиот вид е позаразен од основниот вирус.

Инаку, Б. 1.525 веќе е докажан и во други земји како Данска, Италија, Нигерија, Норвешка, Канада, Велика Британија и САД, и сега за прв пат во Германија.

Од почетокот на оваа година, компанијата „Центогене“ го анализира секој позитивен примерок и со секвенцирање утврдува за кој вид се работи.