Папата Франциск денеска апелираше за прекин на „бесмислената“ војна во Украина.
Во својата традиционална божиќна порака од базиликата Свети Петар во Ватикан тој нагласи:
„Господ нека не инспирира да понудиме конкретни гестови на солидарност за да им помогнеме на сите оние кои страдаат и нека ги просветли умовите на оние кои имаат моќ да го замолчат оружјето и веднаш да стават крај на оваа бесмислена војна!“