Повеќе од 100 крузери и 90.000 членови на екипажи се заробени на море во или во близина на американските води и пристаништа, јави Еј-Би-Си повикувајќи се податоци од Крајбрежната стража.
Центарот за превенција на болести предупредува дека најмалку 10 од тие бродови пријавиле дека имаат членови на екипажот кои се позитивни како и оние што имаат симптоми слични на коронаврисот. Тие додадоа дека ситуацијата е слична за 20 бродови што се наоѓаат во или во близина на американските пристаништа.
Само во територијалните води на САД околу Флорида, денес има повеќе од 35 крузери со 35.000 членови на екипажот.
Крајбрежната стража потсетува дека тоа е информација откако патниците и екипажот на последниот брод се истовариле на Флорида.