понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

На тимот на СЗО во Вухан му се приклучува и британски експерт

На тимот на СЗО во Вухан му се приклучува и британски експерт

Кина денеска соопшти дека ќе му се дозволи влез во земјата на британски експерт од Светска здравствена организација (СЗО), кој ќе се приклучи на експертите кои о истражуваат потеклото на Ковид-19.

Портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Џао Лијан не прецизира кога британскиот експерт ќе пристигне во земјата.

Експертскиот тим на СЗО вчера пристигна во кинескиот град Вухан, каде кон крајот на 2019 година беше откриен новиот коронавирус, за да го истражи потеклото на пандемијата.

Експертскиот тим во Вухан ќе биде околу еден месец, вклучително и двете недели карантин.

Петр Бен Ембарек, експертот на СЗО за животински болести кои преминуваат на други видови, го предводи тимот од десет независни експерти.

Експертскиот тим на СЗО, по двонеделниот карантин ќе ги испитуваат вработените во истражувачките институти,, болниците и пазарите за морска храна во Вухан, каде се претпоставува дека се појави ковид-19.