вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош

Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош

Над 13 милиони Сиријци имаат потреба од хуманитарна помош од меѓународната заедница, изјави еврокомесарот за хуманитарна помош и справуавње со кризи, Христос Стилијанидис.

Во изјава  пред втората конференција на меѓународни донатори за Сирија во Брисел, тој нагласи дека хуманитарната ситуација во Сирија се влошува.

– Над 13 милиони луѓе од кои шест милиони се деца, имаат потреба од хуманитарна помош, изјави Стилијанидис.

Тој додаде дека други два милиона Сиријци живеат на места до кои е невозможно да биде доставена помош.

Претходната донаторска конференција за Сирија се одржа во април 2017 година кога беа собрани шест милијарди долари. За обнова на Сирија се потребни најмалку 200-300 милијарди долари, објавија ОН.

МИА