четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

Над 22 милиони заболени во светот, по еден милион позитивни од коронавирус на секои четири дена

Над 22 милиони заболени во светот, по еден милион позитивни од коронавирус на секои четири дена

Бројот на заразени со коронавирус ширум светот надмина 22 милиони. До сега како последица од вирусот животот го загубија околу 777.000 луѓе.

Вчера бројот на заболени порасна за 180.773 лица. Најмногу новозаразени во еден ден пријавила Индија – 54.255, следуваат САД со над 37.000 и Бразил со близу 20.000 нови случаи на Ковид-19.

Активни случаи во овој момент има над 6,5 милиони ширум светот, а во критична состојба се над 64.ооо заболени.

Најмногу заразени и починати и натаму има во САД, каде вкупно позитивни на вирусот се над 5.600.000 лица, а починале повеќе од 180.000.

На второ место е Бразил со речиси 3.360.000 заразени, на трето место е Индија каде позитивни на коронавирусот се повеќе од 2.700.000 лица.

Следува Русија, која е четврта со свет, а прва во Европа со 927.745 заболени лица.

Бројот на заболени лица ширум светот во последниот месец се зголемува за еден милион на речиси секои четири дена, 21 милион заразени лица имаше ноќта меѓу 13 и 14 август.