Велика Британија денеска бележи нагло зголемување на бројот на починати од коронавирусот во однос на претходниот ден.
Според британската Влада, денеска од Ковид-19 починале 823 луѓе, за разлика од вчера кога оваа бројка изнесуваше 449. Некои медиуми коментираат дека тоа што вчера биле пријавени помалку смртни случаи, се должи на доцнење во известувањето за жртви.
Во Велика Британија досега починале вкупно 17.337 луѓе.
Ова значи дека земјата е четврта по бројот на жртви меѓу европските земји, зад Италија, Шпанија и Франција, со повеќе од 20.000 жртви.
Најмногу жртви во светот има САД со повеќе од 43.000 смртни случаи.
исто така, Велика Британија има трета најголема стапка на смртност на светот од 13,1 отсто, а поголема стапка на смртност од неа имаат само Италија и Белгија.
Сепак, според изјави на експерти, постојат знаци дека врвот на пандемијата во земјата поминал, а специјална комисија соопшти дека врвот веројатно бил на 8 април.