Весникот „Лос Анџелес Тајмс“ ќе помине во рацете на локалниот милијардер Патрик Сон- Шионг за цена од 500 милиони долари и така ќе заврши тензичниот период во сопствеништво на „Чикаго Трибјун“.
Патрик Сон- Шионг е еден од најбогатите луѓе во Лос Анџелес и според податоците на „Форбс“ најбогат лекар во САД со имот од 7,8 милијарди долари.
Сон-Шионг има удел и во кошаркарскиот клуб Лос Анџелес лејкерс. Пред него, основачот на Амазон Џеф Безос го купи „Вашингтон пост“ за 250 милиони долари, а сопственикот на безбол клубот Бостон Ред Сокс, Џон Хенри го презеде „Бостон глоуб“ за 70 милиони долари.
Лос Анџелес Тајмс првпат по 18 години ќе биде во локално сопственишто. Весникот неодамна го смени главниот уредник, третпат во последните шест месеци, а новинарите првпат во 136 години се организираа во синдикат.