понеделник, 1. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Авганистан

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот во Авганистан

Најмалку 12 лица загинаа во земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала што денеска го погоди Авганистан.

Жртвите загинале при уривање на покривите на нивните куќи во округот Кадиз во западната провинција Бадгис, информира регионалниот гувернер Мохамед Салех Пурдел.

Земјотресот со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди Авганистан во 11:40 часот по Гринич. Епицентарот се наоѓал на 40 километри источно од Кала-е-Нау, главниот град на авганистанската провинција Багдис и 141 километри североисточно од Херат, на длабочина од 10 километри.