среда, 29. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија

Најмалку 20 загинати во автобуска несреќа во Саудиска Арабија

Најмалку 20 лица загинаа кога преполн автобус удрил во мост, се превртел и запалил во југозападниот дел на Саудиска Арабија, јавија саудиските државни медиуми.

Телевизијата Ал-Ехбарија објави дека во несреќата со автобусот се повредени уште 29 лица и притоа објави снимка на која се гледаат јагленосаните остатоци од автобусот.

Несреќата се случила во југозападната провинција Асир, што  се граничи со Јемен, а причина била откажување на сопирачките на возилото.

Несреќата се случила во првата недела од Рамазан, кога верниците постат од утро до мрак. (МИА)