вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку 724 жртви во разорниот земјотрес на Хаити

Најмалку 724 жртви во разорниот земјотрес на Хаити
FILE PHOTO: A view shows houses destroyed following a 7.2 magnitude earthquake in Les Cayes, Haiti August 14, 2021. REUTERS/Ralph Tedy Erol NO RESALES. NO ARCHIVES/File Photo

Бројот на жртвите од разорниот земјотрес што го погоди Хаити се искачи на најмалку 724 лица. Тоа го соопшти шефот на Цивилната заштита на Хаити.

Покрај тоа, бројот на повредени се искачи на 2.800. Цивилната заштита претходно објави дека 304 луѓе загинале, а 1.800 се повредени во земјотресот со јачина од 7,2 степени.

Тие исто така алармираа за потенцијалната опасност што ја носи тропската бура Грејс, што се движи кон веќе погодената карипска држава.