Најмалку две лица досега загинаа во снежното невреме што го погоди САД и предизвика бројни нарушувања во воздушниот и патниот сообраќај.
Во Аризона загинало петгодишно дете откако автомобилот во кој се наоѓало го надојдена вода. Друго лице го загуби животот во невреме во Јужна Дакота.
Поради невремето одложени се многу летови на двата главни аеродроми во Чикаго, а многу беа и откажани.
На меѓународниот аеродром во Денвер одложени се 182 летови.
Снежното невреме предизвика многу проблеми и на автопатите ширум САД.