четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Најмалку еден починат во Британија заразен со новата варијанта омикрон

Најмалку еден починат во Британија заразен со новата варијанта омикрон

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека починал најмалку еден пациент кај кого била потврдена новата варијанта на коронавирусот, омикрон.

– За жал заразените кај кои е регистриран сојот омикрон завршуваат во болница и најмалку еден пациент кој се заразил од овој сој почина, истакна Џонсон.

Британскиот премиер истакна дека треба да бидат внимателни.

– Идејата дека ова е на некој начин поблага варијанта на вирусот треба да се стави на една страна, а од друга страна да се гледа пошироката слика и како тој забрзано се шири. Најдоброто нешто што можеме да направиме е да примиме бустер доза – изјави британскиот премиер.