вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Направил и фудбалска формула: Хокинг до детаљ разработил како се освојува Светско првенство

Направил и фудбалска формула: Хокинг до детаљ разработил како се освојува Светско првенство

Научникот Стивен Хокинг почина во средата на 76 години оставајќи зад себе бројни книги, трудови и теории.

Се занимаваше во квантна физика и изучување на вселената, но неговите Англичани најмногу ги интересирало кога конечно по 1996 година повторно ќе го освојат Светското првенство во фудбал.

 Затоа Хокинг се занимавал и со најважната споредба работа во светот. Тој пред Мундијалот во Бразил во 2014 година извел формула за тоа како „гордиот Албион“ може да дојде до посакуваниот пехар наменет за победникот на светскиот шампионат.

Очигледно тогашниот селектор на Англија Рој Ходсон и неговите избраници не го послушале советот, бидејќи од Бразил заминаа без пехарот.

-Квантната физика е едноставна во споредба со фудбалот, се обидел Хокинг да објасни колку најпопуларниот спорт во светот е комплициран.

Сепак, тој успеал да изведе формула.

Тој го советувал англискиот тим да игра систем 4-3-3, бидејќи за него тоа било попродуктивно од 4-4-2 и да настапува со црвени дресови. Но, она на што не можеле да влијаат Англичаните била надморската висина и судиите.

Хокинг тврдел дека, репрезентацијата има поголеми шанси доколку натпреварите ги игра на помалку од 500 метри и ако судиите се од Европа.

-Англичаните се суштества со навики, како и животните. Кога играат поблиску до дома, негативното влијание се намалува. Ќе играат подобро на умерена клима и тогаш кога почетокот на натпреварот е поблиску до 15 часот по локално време, ја изнел Хокинг својата теорија заснована на бројни психолошки, физички, но и политичко-социјални фактори.

Тој тврдел дека фудбалерите имаат 84 проценти шанса да реализираат пенал доколку шутираат во горниот агол, сеедно дали е лев или десе, како и дека шутот треба да се изведе со полна сила.

Особено е интересно неговото тврдење дека русокосите и ќелавите играчи имаат поголеми шанси за постигнување на гол.

Прашан како дошол до тој заклучок, одговорил во свој стил.

„Тоа е една од најголемите научни мистерии“.

Ходсон и играчите требале да го послушаат Хокинг бидејќи на Мундијалот во Бразил завршиле како последни во групата со еден освоен бод против Костарика, додека биле поразени од Италија и Уругвај.