Шестгодишниот Александар Фукин и неговата четиригодишна сестра од Биково во јужна Русија, се враќале накај дома кога решиле патот да го скратат преку патека која води покрај игралиште. Во таа прилика детето паднало во неадекватно обезбедена септичка јама.
Како што пренесуваат локалните медиуми, неговата сестра после тоа истрчала до кај баба им, но не можела да објасни што се случило затоа што била во шок. Неговото тело е пронајдено после пет часа потрага. Истрагата покажала дека неадекватно обезбедената септичка јама била во сопственост на кафуле.
-Шперплоча ја покривала септичката јама. Папучите на момчето пловеле на површината на јамата, после што ангажиравме служба да ја испразни јамата и го пронајдовме неговото тело на дното, соопштено било од извори блиски до истрага.
Како што кажал сопственикот на локалот, капакот наводно бил скршен ден порано, кога преку него поминал автомобил, поради што преку отворот ставил шперплоча додека не пристигне новиот капак кој веќе го порачал.
Несреќното момче и неговата сестра живееле само со бабата, бидејќи нивната мајка поради работа морала да замине во 900 километри оддалечената Москва.