недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху доби мандат да формира нова израелска влада

Нетанјаху доби мандат да формира нова израелска влада

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денес доби мандат од израелскиот претседател да формира нова влада, во услови на политички ќор-сокак што се појави по изборите минатиот месец.

Според законот, Нетанјаху ќе има 28 дена да формира влада, со можност за продолжување на две недели, пред претседателот Рувен Ривлин да избере друг кандидат или да побара од парламентот да го избере.

Нетанјаху, најдолготрајниот израелски лидер откако е на власт од 2009 година, сега се соочува со тешката задача да го надмине невидениот политички ќор-сокак и да привлече доволно сојузници во владејачката коалиција, пренесува Ројтерс.

Израелските избори, одржани на 23 март, завршија на таков начин што ниту Нетанјаху, ниту опозицијата не го освоија мнозинството потребно за формирање влада.