петок, 29. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху планира да воспостави дипломатски односи со Саудиска Арабија

Нетанјаху планира да воспостави дипломатски односи со Саудиска Арабија

Мандатарот за состав на новата влада на Израел, Бенјамин Нетанјаху, изјави дека ќе тежнее кон целосни дипломатски односи со Саудиска Арабија кога повторно ќе стане премиер.

Тој рече дека ќе промовира мир и со Палестинците и оти ќе биде подготвен за обновување на мировните преговори со нив.

Нетанјаху ова го изјави во интервју за саудискиот новински канал Ал-Арабија, за да ја намали загриженоста за екстремната десница со која преговара за владејачката коалиција, пренесува Бета.

Веќе се постигнати низа коалициски договори со тврдокорните кои се за поостра акција против палестинските екстремисти, зголеменото градење на Западниот Брег и ја отфрлаат идејата за независна палестинска држава.

Нетанјаху за Ал Арабија изјави дека тој ќе ја одредува целокупната политика, дека „ќе владее и води“, и оти другите партии му се приклучуваат нему, а не тој на нив.

Притоа, тој изрази надеж за проширување на договорот Аврам за нормализација на односите постигнат во 2020 година со четири арапски земји со склучување на сличен договор со Саудиска Арабија.

Оценувајќи дека ова ќе биде придонес за општиот мир меѓу Израел и арапскиот свет, Нетанјаху рече дека тоа ќе го промени регионот на Блискиот Исток и на крајот ќе го олесни постигнувањето на палестинско-израелски мир. (МИА)