недела, 14. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху: Убиството на Сулејмани е право на САД на самоодбрана

Нетанјаху: Убиството на Сулејмани е право на САД на самоодбрана

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека САД имаат право да се бранат со тоа што го убија иранскиот командант Касем Сулејмани.

-Исто како што Израел има право на самоодбрана, и САД го имаат истото право. Сулејмани е одговорен за смртта на американските граѓани и на многу други невини луѓе. Планирани се повеќе такви напади, рече Нетанјаху.

По убиството на иранскиот командант Нетанајху ја скрати посетата на Грција , изјавувајќи на аердромот во Атина дека претседателот Доналд Трамп ги заслужува сите пофалби за брзата, силна и одлучна акција, пренесоа британските медиуми.

-Израел е покрај САД во нивната борба за мир, безбедност и самоодбрана, додаде Нетанјаху.