четврток, 28. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нетанјаху во четврток ќе ја претстави новата влада пред Парламентот

Нетанјаху во четврток ќе ја претстави новата влада пред Парламентот

Идниот премиер на Израел, Бенјамин Нетанјаху, во четврток пред Парламентот (Кнесетот) ќе ја претстави својата нова влада, најави денеска претседателот на Парламентот Јарив Левин.

Како што е наведено, за составот на новата влада ќе се гласа во 11 часот по локално време (10 часот по средноевропско време) на посебна седница на Кнесетот.

Нетанјаху, лидерот на конзервативната Ликуд, кој веќе беше премиер со најдолг стаж во историјата на Израел, минатата среда објави дека ќе може да формира нова влада со своите сојузници од ултрадесничарските и ултраортодоксните еврејски партии.

Ликуд на Нетанјаху и овие партии победија на парламентарните избори одржани на 1 ноември, а рокот за постигнување договор за новата влада е 11 декември.

Бидејќи Нетанјаху не можеше да го стори тоа во предвидените 28 дена, тој побара продолжување за две недели, предвидено со израелскиот закон.

Претседателот на Израел Исак Херцог му даде 10 дена да ја заврши задачата. Се очекува новата влада да биде најдесничарската во историјата на Израел, иако нејзиниот состав не е конечен.