вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Невреме во Франција и Италија, најмалку петмина загинати

Невреме во Франција и Италија, најмалку петмина загинати

Најмалку пет лица загинаа во невремето што ги погоди францускиот и италијанскиот брег. Поради обилните дождови во Франција одредени патишта се затворени, додека во пораст е нивото на реките во Италија.

Во францускиот регион Вар загинаа четири лица, меѓу кои и повозрасна брачна двојка откако нивниот автомобил бил потопен од надојдената вода.

Во северниот дел на Италија пронајдена е мртва жена во нејзиниот автомобил во надојдената река Бомида.

Спасувачките екипи го пребаруваат теренот по вчерашното уривање на мост во италијанскиот северозападен регион Лигурија во близина на Савона. Поради поплавите и лизгање на земјиштето се урна само еден од двата одвоени коловози на мостот.