понеделник, 13. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов лек против коронавирус чека ИТНО одобрување, еве за што станува збор

Нов лек против коронавирус чека ИТНО одобрување, еве за што станува збор

Јапонскиот премиер Фумио Кишида рече дека владата ќе размисли за давање условно, предвремено одобрување на пилулата за ковид-19, развиена од „Shionogi & Co Ltd“.

-Ако клиничките испитувања ја потврдат безбедноста и ефективноста на лекот, би сакале веднаш да го разгледаме, рече Кишида на состанокот на парламентарната комисија што беше емитуван на телевизија.

„Shionogi“ одделно извести дека новите резултати од тековното клиничко испитување на лекот, познат како „S-217622“, ​​покажале „значајна разлика“ во антивирусниот ефект во споредба со плацебото, како и подобрување на симптомите. Извршниот директор Исао Тешироги им рече на новинарите дека компанијата може да аплицира за рано одобрување на лекот веќе следната недела и дека е во состојба да испорача еден милион дози до крајот на март.

Весникот „Mainichi“ претходно објави дека Јапонија размислува да дозволи „Shionogi“ да продава антивирусни орални таблети уште оваа пролет, откако и дала специјална дозвола на фармацевтската компанија да ја прескокне последната фаза од клиничкото испитување.