Кинескиот вицепремиер Лиу Хе, кој се смета за водечки економски советник на претседателот Си Џинпинг, неделава ќе се сретне со висока американска делегација во Пекинг, со цел да се види дали е можно да се постигне решение со кое ќе се избегне најавеното воведување царини за челик, алуминиум и други производи.
Американскиот претседател Доналд Трамп најави царини за увоз на челик и алуминиум, и бара од Кина да престане да ја презема без дозвола интелектуалната сопственост на американските компании. Кина возврати со забавување на увозот на американски земјоделски производи, и се закани со царини за американските авиони.
МИА