Индија соопшти за уште едно рекордно зголемување на новозаразени со коронавирусот – 66.999 случаи на инфекција потврдени во изминатите 24 часа.
Вкупниот број заразени лица во Индија сега е речиси 2,4 милиони, соопшти индиското Министерство за здравство. Вкупниот број на смртни случаи од коронавирусот надмина 47.000.
Индија е на третото место во светот по бројот на заразени, по САД и Бразил, и на четвртото место по бројот на смртни случаи, по САД, Бразил и Мексико.
Индија има повеќе од 50.000 новоинфицирани дневно со коронавирусот во изминатите 15 денови.