недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нов тип на вирусот корона причина за мистериозната болест во Кина

Нов тип на вирусот корона причина за мистериозната болест во Кина

Прелиминарната истрага за мистериозното вирусно воспаление на белите дробови од кое се разболеа неколку десетици Кинези, покажа дека најверојатно причината е нов тип корона вирус.

Корона вирусите се пренесуваат со кашлица или кивање или допирање на заразено лице, а некои можат да предизвикаат сериозни респираторни болести како САРС или МЕРС.

Претставникот на Светската здравствена организација во Кина, Гауден Галеа изјави дека кинеските истражувачи користеле примерок од еден пациент за да го одвојат вирусот.

– Прелиминарната идентификација на новиот вирус во краток временски период е значајно достигната, изјави Галеа.

Во Кина од таа болест досега се заразени повеќе од 50 луѓе, додека во Хонгконг 38.