четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Нова ера: По 20 години укинато ембарго

Нова ера: По 20 години укинато ембарго

Кина го укина ембаргото на увоз на говедско месо од Велика Британија, кое беше во сила повеќе од 20 години, од појавата на сточната болест „кравјо лудило“.

Таа одлука ја донесе по неколку години преговори и инспекции на британските штали, истакна британската влада со проценка дека укинувањето на кинеската забрана на Британија ќе и донесе 250 милиони фунти во наредните пет години.

Кина ја донесе оваа одлука по посетата на британската премиерка Тереза Меј на почетокот на оваа година, кога Пекинг вети подобрување на пристапот на кинескиот пазар.

Кина пред два дена го укина и ембаргото на увоз на говедско месо од Франција.